Несомнено, изградбата на успешен бизнис бара време и труд. Но, што може да се случи ако некој ја заштити вашата марка како своја? Што ако некоја трета страна тврди дека вашите идеи се негови? Дали да ја заштитам мојата трговска марка или авторско право?
Добрата вест е што законите за интелектуална сопственост, како што се трговска марка или авторско право, можат да помогнат. Всушност, според извештајот на World Intellectual Property Indicators од 2022 година покажа дека во 2021 година само во САД имало 899.678 апликации за заштита на трговска марка.
Во процесот на заштита на интелектуалната сопственост од несакана злоупотреба и неконкурентски практики од страна на трети лица, често пати се случува бизнисмените да се најдат во ситуација кога треба да одлучат која е подобра опција – дали да се заштити трговска марка или авторско право. За таа цел, ќе одговориме на следните прашања:
- Како трговската марка се разликува од авторското право?
- Дали ми треба и трговска марка и авторско право?
- Што штитат авторските права или трговската марка?
Што е трговска марка/заштитен знак?
Трговската марка е нераскинлив дел кој овозможува еден бизнис да се разликува од друг. Со заштита на трговската марка можете да заштитите име на бренд, лого, зборови или фрази, производ или услуга и многу повеќе. Со други зборови, клиентите можат лесно да го идентификуваат вашиот бизнис како извор на производ или услуга ако трговската марка, односно заштитниот знак е регистриран.
Трговската марка се воспоставува преку доследна употреба на ознаката при што се користи симболот на трговската марка (™). Регистрирањето трговска марка не е законска обврска, но штом ќе го направите тоа, можете да го користите регистрираниот симбол (®).
Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) е државна институција која е одговорна за процесуирање и обработка на апликациите за заштита на трговските марки. Што значи дека, штом вашата трговска марка е регистрирана во ДЗИС, ќе имате зелено светло да го користите регистрираниот симбол и за секоја неовластена употреба на вашата регистрирана марка ќе имате право да тужите за отштета.
Како да регистрирате трговска марка?
Како што наведовме претходно, трговската марка се регистрира во Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија. Пред да поднесете апликација за заштита на вашата трговска марка, потребно е да извршите пребарување за да одредите дали вашата предложена трговска марка веќе се користи и е заштитена од некој друг.
Пребарувањето се врши во базите на ДЗИС и истото е отворено и бесплатно за сите. Ова услуга дава пристап до податоци од јавен карактер за патенти, трговски марки и индустриски дизајн, значи за права на индустриска сопственост во Република Македонија. Пребарувањето можете да го направите на следните линкови:
За да пребарувате во базата на податоци на ДЗИС треба на насловната страна, или на другите страни (кои од нивна десна страна имат листа на линкови за бази на податоци) да кликнете во една од нив која вас ви треба. Во одредените полиња ставите ги вашите зборови како параметри за пребарување и кликнете го копчето Search. Во листата на резултати кликнете копчето View за детален преглед на предметот.
Регистрацијата на трговска марка е процес кој може да потрае до 6 месеци поради различните фази на заштита. За да се квалификувате за заштита на трговска марка или да добиете права на трговска марка, најпрво треба да одговорите на следниве прашања:
1. Дали мојот заштитен знак е карактеристичен?
На пример, измислените заштитни знаци и зборови како што е „Пепси“ се најсилни.
2. Дали мојот заштитен знак веќе се користи во трговијата од страна на некој друг ентитет?
Комерцијалната употреба е основа на правата на трговската марка. Ако сте нов сопственик на бизнис, сè уште можете да поднесете апликација за трговска марка, но регистрацијата нема да биде завршена додека не докажете дека ознаката е активна или е во вистинска употреба.
Примери на заштитни знаци
De Beers, компанија за ископ на дијаманти, е добро позната трговска марка. Нејзиниот бренд слоган е „Дијамантот е вечен“. Ниту една друга компанија (во индустријата за дијаманти) не може да ја користи оваа ознака освен ако не сака да се вклучи во правен спор со De Beers.
Да речеме дека сакате да отворите продавница за облека наречена „Зара“. Не можете да го направите тоа бидејќи Зара – добро познат моден бренд и го има заштитено ова име. Но, бидете внимателни: отворањето онлајн продавница што продава облека со името Захра, исто така може да резултира со тужба за заштитен знак, бидејќи имињата се збунувачки и слични. Тоа е моќта што ја поседува правната регистрација на трговска марка.
Други познати трговски марки вклучуваат брендови како Старбакс, Сони и Кока-Кола. Што се однесува до симболите на брендот, Spotify, на пример, лесно се издвојува од толпата – криви линии на зелена позадина.
Колку долго трае заштитата на трговската марка?
Заштитата на трговската марка трае 10 години од датумот на вашата апликација по што ќе треба да ја обновите за да ја задржите активна. Неуспехот да се обнови заштитата на трговската марка, може да предизвика губење на правната заштита. Со други зборови, повеќе нема да биде заштитена според Законот за индустриска сопственост.
Што е авторско право?
Под авторско право се подразбира правото на авторите над нивните дела од областа на книжевноста, науката и уметноста и правата на изведувачите, на фонограмските, филмските и сценските продуценти, на радио и телевизиските организации, на издавачите и другите лица утврдени со овој закон, како и на изготвувачите на бази на податоци, над нивните изведби и предмети на сродните права, како и остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права.
Законот за авторски права ги штити оригиналните авторски дела како што се музика, уметност, книги, архитектура, истражување, звучни снимки, филмски слики и софтверски код. Сопственикот на авторските права има ексклузивни права за прикажување, репродуцирање, објавување или изведување на делото.
Авторското право му припаѓа на авторот врз основа на самото создавање на делото, независно дали делото е објавено, a rегистрацијата на авторските права ви дава право да тужите ако некој го користи или репродуцира вашето дело заштитено со авторски права без дозвола, бидејќи лесно можете да докажете дека сте оригиналниот сопственик.
Што не се смета како авторско дело?
Според законот за авторски права и меѓународните институции кои ги регулираат авторските права, како авторско дело не се смета: идеја, концепција, откритие, како и службен текст од законодавна, извршна и судска област и нивен превод, кога е објавен како службен текст.
Како да регистрирате авторско право?
Важна напомена што треба да ја имате во предвид кога се регистрирате за авторски права – само оригиналните дела спаѓаат под законска заштита на авторските права!
Заштитата по основ на авторско право е автоматска. Во моментот кога ќе нацртате слика или ќе напишете поема, вашите дела стануваат заштитени со авторско право. Кога станува збор за музичките дела, интернетот и современиот начин на следење и регистрација, ви озможува истите да ги регистрирате во странски агенции – членки на меѓународни институции за заштита на музичари кои ги регулираат правата на авторите на глобално ниво.
Кај нас, овластен правен субјект кој врши заштита на авторските права на музичарите е Здружение за заштита на авторски музички права (ЗАМП). Тоа е здружение на автори кое колективно ги остварува и штити авторските права на своите членови и другите носители на права. Како автори на музички дела се: композиторот, авторот на текст и аранжерот. ЗАМП работи со непрофитна цел и може да врши само колективно остварување на авторски музички дела. Надлежен државен орган за надзор над актите и работењето на ЗАМП е Министерството за култура на Р. Македонија.
Колку долго трае заштитата на авторските права?
Материјалните права траат за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт. Кога делото го реализирале повеќе автори (коавтори), рокот на траење се смета од смртта на последниот жив автор. Авторското право на анонимни и псевдонимни дела трае 70 години по законското објавување на делото.
Трговска марка или авторско право?
Разликата помеѓу трговските марки и авторските права е во тоа што трговските марки го штитат она што го разликува вашиот бренд од друг, како слоган или лого, додека авторските права ги штитат литературните, музичките и уметничките дела како што се книга или музика.
Во суштина, авторските права ги спречуваат другите да ја копираат или репродуцираат вашата работа, додека трговската марка ги спречува другите да користат збунувачки слични имиња/фрази на брендови, инаку познато како прекршување на заштитен знак.
Сепак, и во двата случаи се работи за заштита на интелектуална сопственост без разлика дали се работи за трговска марка или авторско право.
Важноста на трговските марки и авторските права
Заштитната трговска марка или авторско право им обезбедуваат на сопствениците различни поволности. Претходно се осврнавме на една од овие придобивки – тужба за прекршување.
На пример, Светската федерација за борење (WWF) беше заплеткана во спор за заштитен знак со друг WWF (Светски фонд за дивиот свет) 13 години. Боречката компанија мораше да потроши милиони за ребрендирање откако судот пресуди во корист на компанијата Wildlife.
Еве некои од придобивките:
- Клиентите поврзуваат регистрирана трговска марка со висококвалитетни производи или услуги. Така, трговските марки ви помагаат да изградите доверба и лојални купувачи.
- Заштитниот знак ги спречува другите продавачи да пласираат производи идентични на вашите под слична ознака. Тоа ја елиминира конфузијата меѓу клиентите.
- Носителот на авторските права, како авторот, може да има корист од филмските адаптации на нивната книга. Од ова, тие можат да заработат пасивен приход во наредните години.
Најчесто поставувани прашања:
Ако сè уште имате прашања за заштитен знак или авторско право, составивме листа на некои од најчесто поставуваните прашања.
Дали ви требаат и авторско право и заштитен знак?
Во зависност од тоа кое средство сакате да го заштитите, може да барате едно или и двете. Вообичаено е бизнисите да ги користат и двете за да ја заштитат својата интелектуална сопственост.
Дали заштитните знаци ги опфаќаат и авторските права?
Не. Заштитните знаци не ги опфаќаат авторските права бидејќи двете форми на права на интелектуална сопственост служат за различни цели.
Дали компаниите треба да ги заштитат авторските права или трговската марка/заштитниот знак?
Кога станува збор за името или идентитетот на брендот, тие се заштитени со знак (не со авторски права) што го разликува од другите компании.
Што авторските права, трговските марки и патентите?
Како и авторските права и трговските марки, патентот е вид на интелектуална сопственост. Она што е заштитено со патент е оргиналноста, но во случајот со патентите, тие штитат оригинален пронајдок. Спротивно на патент, трговската марка ги штити уникатните средства на бизнисот, додека авторското право ги штити оригиналните дела.
Што треба да заштитите – трговска марка или авторско право?
Сè на сè, законите за заштита на интелектуална сопственост постојат за да ја заштитат вашата работа и бизнис од злоупотреба. Без разлика дали ќе регистрирате трговска марка или авторско право, не треба да се грижите дека некој ќе го злоупотреби вашиот бренд. Еве неколку чекори кои може да ги следите за да го заштитите вашиот бренд и да избегнете непријатности:
- Истражете го пазарот: Пред да ја заштитите, проверете дали веќе постои идентична или слична трговска марка на пазарот. Ова може да ви помогне да избегнете возможни правни спорови и да ја осигурате уникатноста на вашиот бренд.
- Дизајнирајте и регистрирајте: Дизајнирајте уникатно и препознатливо лого за вашиот бренд и поднесете пријава за регистрација.
- Пратете и одржувајте: Откако ќе ја регистрирате, следете го користењето на вашата марка и редовно обновувајте го правото за користење.
- Заштита на меѓународно ниво: Ако продавате на меѓународниот пазар, размислете за регистрација на вашата трговска марка и на меѓународно ниво.
Како заклучок, заштитата на интелектуалната сопственост е критичен елемент во успехот на вашиот бизнис. Немојте да дозволите трети лица да го искористат вашиот бренд за свој профит и да ја загрозат вашата репутација. Контактирајте со нашиот тим денес и дозволете ни да ви помогнеме да ја регистрирате вашата трговска марка, обезбедувајќи ви мир на умот дека вашата напорна работа е заштитена. Дејствувајте веднаш!