Во овој блог пост, ќе разгледаме некои од причините поради кои заштита на трговската марка е критична за брендовите и како ова право од интелектуална сопственост може да им помогне да останат конкурентни и успешни.
Ако не размислувате за заштита на трговската марка на вашиот бизнис, треба да размислувате! Ако сте го занемарувале овој аспект од вашиот бизнис, не очајувајте. Процедурата за заштита на трговската марка е едноставна. Еве што треба да знаете.
Што е трговска марка?
Трговската марка или заштитен знак е дизајн, збор, слоган, симбол или комбинација на кој било од овие елементи што им помага на потрошувачите да ги идентификуваат вашите производи или услуги од оние на конкуренцијата. Кога ќе ги видите знакот на Nike или на Мекдоналдс, точно знаете која е таа марка, каков вид на производ ќе добиете и каков квалитет можете да очекувате.
Градењето на лојалноста кон брендот и голема база на клиенти во огромна мера зависи од заштита на трговската марка. Затоа, приоритизирањето на заштитата на трговската марка е исто толку важно за соло-претприемачот колку што е важно и за претпријатието.
Заштита на трговската марка и вашиот бренд
Трговската марка е суштинска компонента на бизнис моделот и планот на брендот. Го опфаќа вашиот бренд идентитет, репутација и уникатност. Клучната улога што ја игра трговската марка во успехот на вашиот бренд едноставно не може да се занемари.
Можете да ги пренесете вредностите, верувањата, целта и визијата на вашиот бренд преку трговска марка. Исто така, го разликува вашиот бренд од другите и им помага на клиентите да донесуваат одлуки за купување. Кога вашата трговска марка може да се идентификува, било по уникатност или репутација, откако ќе го видат вашиот знак, клиентите веднаш ќе знаат дека добиваат нешто специфично.
Регистрираната трговска марка, исто така, обезбедува отворен пат за проширување на други пазари, домашни и странски.
Како до заштита на трговската марка
Многумина од претприемачите сè уште не прават јасна разлика помеѓу термините „трговска марка“ и „трговско име“ или фирма во Регистарот на трговски друштва. Тие веруваат дека ако го регистрираат нивниот бизнис и неговото трговско име (фирма) во Централен регистар, истото име ќе биде автоматски заштитено како нивна трговска марка, што се разбира дека не е точно!
Ако трговската марка не е заштитена, таа може да биде слободно користена од сите учесници во прометот. Тоа може да доведе до злоупотреба и несакани последици.
Замислете што би се случило ако текстилна фабрика од било каде во светот можеше да го стави логото на Armani на своите производи без да претрпи какви било последици. Ова би ja оштетило репутацијата на брендот Armani и неговата способност да ги разликува своите производи од конкуренцијата.
Единствен начин да ја заштитите вашата трговска марка е со регистрирање во Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС). Тоа го прави лиценциран агент, а бенефити има повеќе:
Официјално известување до јавноста
Регистрацијата обезбедува правен доказ дека ја поседувате таа трговска марка во случај да треба да го докажете тоа на суд.
Заштита на трговската марка на национално ниво
Вашата трговска марка ќе биде заштитена на територијата на целата држава дури и ако моментално не работите низ целата земја.
Регистрација во базата на податоци на ДЗИС
Ова е важно затоа што кога другите бараат ознаки за нивните сопствени брендови, ќе видат дека вашата е земена.
Заштита од увоз на фалсификувани стоки
Вашата трговска марка е во досие кај Царината и граничната заштита, што го штити вашиот бренд од пиратерија.
Правна заштита
Заштитата на трговската марка ќе ви обезбеди цврст доказ ако треба да поднесете тужба за повреда на трговска марка.
Право на користење на ®
Регистрираната трговска марка ве обезбедува со правото за користење на симболот ® (буквата R затворена во круг).
Заштитата на трговската марка е клучен елемент во градењето и одржувањето на успешен и уникатен бренд. Без заштита на вашите трговски марки, ризикувате да ги изгубите вашите интелектуални права и да наштети на репутацијата на вашата компанија. Не оставајте на случајноста – контактирајте со нашиот тим денес и дозволете ни да ви помогнеме да ја регистрирате вашата трговска марка.
Pingback: Застапник за Заштита на Трговска Марка